Митовски до Маричиќ: Не ти се гадеше од илјадниците евра за пomилување на Нинџа и yбиeцoт на малиот Алмир?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За тоа каков бил, што правел и дали нешто правел екс-директорот на УБК Сашо Мијалков нема да коментирам. Тоа се постапки кои се уште се во тек, и за кои од тоа што можеше да се види на досегашните рочишта (а, сум присуствувал на сите) обвинителството не успеа да достави ниту еден доказ кој директно упатува кон нивните тврдења.

Како и да е, статусов не ми е за Миајлков, Груевски, Камчев. Сакав да го искоментирам безобразлукот на министерот за (не)правда Бојан Маричиќ.

Во времето на неговото министерување правосудството има најниска доверба кај граѓаните. Неверојатно ниски 8% од граѓаните имаат доверба дека судиите и обвинителите постапуваат според правилата и дека се непристрасни. ОСУМ ПРОЦЕНТИ.

За време на министерувањето на Маричиќ, преку 70% од населението во државава смета дека судиите и обвинителите се корумпирани.

За време на владата на СДСМ, инфлагранте беше фатен СПЕЦИЈАЛЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ како врши рекет врз бизнисмени за да не им бара притвор. И, ако судиме по она што го знаеме до овој момент, најверојатно во оваа шема биле вмешани и Зоран Заев, Шекеринска, Маричиќ, Димитров….

За време на министерувањето на Маричиќ, Европската Комисија испрати специјален претставник кој поради односот токму на Министерството за правда кон притвореник ја прогласи земјава за полоша од Судан, Зимбабве, Папа Нова Гвинеја, Брег на Слонова Коска.

И овој министер за (не)правда се дрзнува да кажува дека му се гадело од одлуката за ослободување на Мијалков од притвор. И, повторно, ирелевантно е за која одлука коментира Маричиќ, дали за Мијалков или за некој друг ојле дојле. Лицемерието, некулутрата, необразованието, мизеријата на овој човек е тоа што ме згадува мене, а верувам и поголемиот дел од јавноста.

Кој си бе ти друже да коментираш судски одлуки? Кој си ти да вршиш ваков притисок врз судиите? Свесен ли си дека поради вакви глупави испади Македонија е на ниво на кое што е – 111 по корупција во светот (меѓу најкорумпираните), прогласена за хибриден режим.

Вака ли функциониравте и пред да си дадете оставки, а? Само тогаш бевте силни па овие наредби ги пишувавте на Ватсап, Телеграм, Вибер? Веројатно сега не ве ферма никој, па од бес мораше вака и јавно.

Утре, Бојане, можеби јас ќе бидам притворен, можеби некој друг од оние кои ме следат…било кој, што треба тогаш да помислам? Дека ти си тој кој нарачува која одлука ти е слатка, а од која ти се гади?

Зошто вака не ти се гадеше кога го предложи Нинџа за помилување, или убиецот на малиот Алмир? Или, ти ја засладија таа одлука со неколку десетици илјади евра? Сакаш за тоа да зборуваме? Сакаш да зборуваме за тоа колкав е твојот апетит, и кога ти се гади, а кога не?

И, немој да лажеш дека оваа одлука ја донела ДУИ. Оваа одлука е донесена на Апелациониот суд од Тања Милева, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети. Знаеш ти сам, кој е на кој човек.

За крај, министре за (не)правда, судска одлука може да ја коментира јавноста, но не и претставник на државната администрација. Единствен државен орган кој има право да толкува судска одлука е Собранието на Р.Македонија по претходно барање. Не ти, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This