дома Актуелно Митовски: Постои бomба за Фрчковски како е вмешан во kopупција со американската...

Митовски: Постои бomба за Фрчковски како е вмешан во kopупција со американската амбасада

Во денешното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“, на ТВ Алфа гостуваше уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Митовски ја коментираше веста за поставувањето на Љубомир Фрчковски за амбасадор на земјата во Соединетите Американски Држави. Тој откри дека во една од бомбите кои ги поседува Заев, Фрчковски отворено бара од вработена во американската амбасада да „среди работа“ за стипендија на неговата ќерка.

„Јас би го упатил преседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, премиерот и министерот за надворешни работи Бујар Османи, да побараат од господинот Зоран Заев една снимка од тие бомбите за вистината за Македонија и да ја слушнат вистината за Фрчковски како со една вработена, локал стаф во американската амбасада договара практично мито и корупција барајќи од локалниот стаф во американската амбасада да ја среди работата за неговата ќерка да добие стипендија во Америка“, рече Митовски.