дома Актуелно Прашањето е следно – Колку чини Македонија?

Прашањето е следно – Колку чини Македонија?

Побарав директен и прецизен одговор без никакви интепретации, а за возврат добив празни флосклули кои не се доволни за ниту еден Македонец да се почувствува сигурен дека не се преговара за нашиот идентитет и јазик!

Го навредуваат сопствениот народ тврдејќи дека не се преговара за идентитетски прашања со Бугарија иако суштината на спорот е тоа што Бугарија не може да се соочи со реалноста, односно постоење на македонски народ и јазик засебни од бугарскиот.

И по овој одговор на Османи ние се уште не знаеме кои се македонските црвени линии кога станува збор за преговорите со Бугарија и дали Македонија ќе прифати дека македонскиот јазик постои од 45-та па наваму, а дотогаш бил дел од бугарскиот јазик.

Османи потврди дека при посетата на Заев во Софија се размениле предлози за решавање на спорот, но не ми одговори што содржат истите.

Ваквиот во најмала рака штур одговор сериозно ме загрижува мене и целиот македонски народ за што впрочем се преговара со Бугарија.

Прашањето е следно: Колку чини Македонија?! – Пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.