дома Актуелно Митовски: Ceгa дoaѓa нa влacт нoвa гeнepaција на пoлитичapи, коja тpeбa дa...

Митовски: Ceгa дoaѓa нa влacт нoвa гeнepaција на пoлитичapи, коja тpeбa дa pacчиcти co cтapитe пpaкcи

Во вечерашната емисија на ТВ Сонце гостуваше уредникот на Инфомакс Александар Митовски, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има одлична шанса затоа што има нови кадри, нова идеологија и нова визија.

„ВМРО-ДПМНЕ има одлична шанса затоа што има нови кадри, има нова идеологија, десничарска, нова визија, и тука некаде би требало да се стави рез на меѓугенерациската борба. Значи, ова е нова генерација на политичари кои што сега доаѓа на власт и треба да расчисти со старите пракси“. – потенцираше Митовски.

„Старите пракси беа, „доаѓа ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ му прогледуваат низ прсти на Љупчо, овој-оној, ај ќе ги пуштиме, утре ќе бидеме ние“… Од тој аспект ви кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ сега има абсолутно право и одлична можност, конечно сега да расчисти со таквите практики, значи нема попуштање… „нема тогаш оној ми заврши работа, па сега ќе му попупштам“, законот и тогаш и сега мора да важи за секого“. – истакна Митовски.

„Исто така, меѓу другото, ВМРО-ДПМНЕ се обврзаа за програма која што е заснована на борба со корупција и со висок криминал“. – дополни Митовски.