дома Македонија МИТО СЕ БАРАШЕ НА ПЛОШТАД: „Дај мито“ – Македонија од 69 падна...

МИТО СЕ БАРАШЕ НА ПЛОШТАД: „Дај мито“ – Македонија од 69 падна на 107 место меѓу држави со највисока корупција

На повеќе локации низ Скопје денеска се одржа активистичката акција „Дај мито“.

Преку перформанс – поворка, „Дај мито“ на хумористичен и сатиричен начин беше побарано основање агенција за рамноправна редистрибуција на мито. Воедно укажа на корупцијата во институциите, но и на граѓаните кои се подготвени да дадат мито.

– Екстремното високо ниво на корупција, но и статус-кво состојбата во однос на решавањето на овој проблем, побарува нови, креативни идеи и начини кои ќе алармираат за состојбите и ќе направат притисок за што поскоро решавање на корупцијата. Крајната цел на активистичката акција е да стави крај на корупцијата во Македонија, велат активистите.

Повикувајќи се на последниот извештај на Транспаренси интернешнл, „Дај мито“ наведува дека Македонија паднала од 69 на 107 место на листата на земји од регионот за борба против корупцијата и има оценка 35/100 со што е во групата држави со висока корупција.