April 19, 2024, 11:57 am

Митрополитот Петар открива: Исламските политичари издејствувале да нема полициски час за Велигден, исто како и за Бајрам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Митрополитот преспански пелагониски, Господин Петар, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, зборувајќи за мерките на Владата за време на велигденските празници и одбележувањето на Рамазан Бајрам, изрази благодарност до Исламската верска заедница, и нивните политичари кои се заложиле и за двата празника да бидат олабавени мерките.

„Јас сакам јавно да се заблагодарам на верниците од исламската заедница и нивните политичари што се заложија заради нивниот празник и нашиот да помине овојпат, ама првиот пат не беше така. За нашиот празник имаше забрана од три дена, а за Бајрам немаше. И мислам дека и овојпат ќе се случеше истото ако не инсистираа тие да има слобода. Треба да се поддржуваме едни со други во доброто и не треба селективен однос да има кон црквата“,се заблагодари Господин Петар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This