April 18, 2024, 11:22 pm

Михајловски: Пописот нема да донесе инвеститори, туку е обид за спaс на коалицијата на СДСМ и ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со пописот СДСМ и ДУИ се обидуваат да си ја спасат сопствената кожа и мислат дека со тој попис ќе успеат да продолжат да владеат и ќе ја продолжат оваа агонија, ќе си купат поени, но нема тоа да им успее, изјави актерот Тони Михајловски за „Што не е јасно“ на алфа Телевизија.

Михајловски потенцира дека со овој попис нема да привлечеме инвеститори затоа што луѓето знаат дека сме најкорумпирана држава и тоталитарен режим, туку ова се последните обиди на СДСМ и ДУИ да си ја спасат раштиманата коалиција.

-Оваа актуелна коалиција беше за спас на ДУИ и СДСМ, но тие секојдневно тонат, се повеќе е јасно дека ДУИ не е на пиедесталот кај албанскиот електорат, толку високо како што беше. Заев го изгуби својот сјај, блеска само за себе. Здравјето на граѓаните не им е приоритет, гледаме по вакцините и како бројките паѓаат кога им треба, на пример да излезат на избори, како ги злоупотребуваат пакетите и социјалната помош се за гласови и ова им е последниот обид да си ја спасат коалицијата, рече Михајловски.

Тој додава Заев успева е да го разедини народот по сите параметри, а воедно единствено ветување кое го исполни е дека ќе јаде живи луѓе.

-Заев не уназади едно 20 до 30 години ќе ни требаат да се оправиме од тоа уназадување, од ова пробивање на дното ќе треба допрва да се искачуваме таму каде што бевме, па потоа да продолжиме да градиме. Заев зборуваше за обединување на македонскиот народ, живот за сите, а всушност се беше обратно. Единствено точно што испорачаа е дека ќе јадат живи луѓе. До ден денеска јадат живи луѓе, ние сме тие живи луѓе кои ги јаде, а мислам дека е спремен и своите луѓе да ги јаде само за да ја спаси сопствената кожа, нагласи Михајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This