дома Магазин МИЦЕВКСИ: Има предизборни вработувања во јавни претпријатија и администрација

МИЦЕВКСИ: Има предизборни вработувања во јавни претпријатија и администрација

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при гостување на емисија „Отворено на Алфа“, нагласи дека имаме избори на праг, а опозицијата се плаши дека СДСМ ќе постапи со лажирање на гласови како што беше за време на референдумот.

Овие денови имаме и исплаќање на средства од буџетот исплати на земјоделци, нели е ова поткупување на земјоделците односно на гласачите во предизборието во период кога веќе ги имаме изборите на праг. Сега требаше да се исплатат тие пари, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека има предизборни вработувања во јавни претпријатија, во администрација. Господинот Шилегов во Скопје само ќе има над 700 вработувања во јавните претпријатија, а година дена пред тоа кажуваше дека се превработени јавните претпријатија.