дома Македонија МИЦЕВСКИ: Се злoyпотребува европското знаменце за закони кои треба матичните комисии да...

МИЦЕВСКИ: Се злoyпотребува европското знаменце за закони кои треба матичните комисии да расправаат

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија„  денеска на седницава говореше за втората точка од законот за изменување и дополнување на законот за царинска тарифа и за третата точка од предлог закон за изменување и дополнување на законот за финансиска дисциплина.

Овие закони господине Џафери и тоа е во ваша надлежност, треба да ги разгледува комисијата за финансирање. Не може поради усогласување кое што го имате направено да ставите европско знаменце на овие закони и да не се гледаат на матичното работно тело, а тоа е комисијата за финансирање, појасни Мицевски.

Мицевски додаде дека овие два закона за царинска тарифа и за финансиска дисциплина се под комисија за финансирање и требаат прво таму да се дискутира и анализира, а потоа да се стават на дневен ред во Собрание на Република Македонија.