дома Социјални Мрежи Мицковски до „малиот“ од Крива Паланка: Oлабaви, прво тpyете, па се kpиете...

Мицковски до „малиот“ од Крива Паланка: Oлабaви, прво тpyете, па се kpиете како kyкавици

Силниот критичар на власта Ивор Мицковски објави на Фејсбук дека подолго време го напаѓаат партиски ботови на Твитер и преку објавата на Фејсбук испраќа предупредување.

Нападите на партиските ботови секогаш се директно контролирани од врвот на една партија, тој врв најчесто застанува кај генералниот секретар.

Би му препорачал на дечкото од Крива Паланка да олабави, или во најмала рака да се заинтересира овие пракси да престанат, пошто нели, вие сте демократска власт и не се служите со инструментите на ВМРО.

Втора работа, јас кога коментирам, коментирам со име и презиме, со лице и лична одговорност за тоа што го кажувам, немам проблем кога некоја анонимна будала ме напаѓа, ниту кога се конфронтирам со друг човек, но со овие организирани и партиски предводени црни кампањи и хајки, со тоа не ми правите штета само на мене, туку на целото општество.

Ја труете јавната мисла, правите притисок врз критиката, напаѓате ад персонам, стигматизирате и генерално труете.

Притоа се криете како најобични кукавици.

Во најмала рака сакам да знаете и другите да знаат кои сте или врз кого паѓа легитимната одговорност за ваквото поведение.

Ќе се боревте против лажни вести, а вие се уште немате храброст во лице да соочите со критиката.