дома Политика МИЦКОСКИ БЕСКОМПРОМИСЕН: Нема компромис надвор од моите принципи и на штета на...

МИЦКОСКИ БЕСКОМПРОМИСЕН: Нема компромис надвор од моите принципи и на штета на граѓаните – јас немам концесии кон никого!

Ние можеме да се договориме за се што е од интерес на граѓаните и Република Македонија. Компромис надвор од моите принципи, јас како човек не правам. Немам животни концесии према никому, освен можеби кон моите родители, кои што ме воспитале.

Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додавајќи дека се што прави таа партија е заради нужните потреби од реформи во општеството. Појасни дека партијата учествувала во 90 отсто од реформите и оти нивните предлози ги подобриле содржината и квалитетот на реформите.

-Таков беше случајот во Законот за заштитени сведоци, таков беше случајот во Законот за ОТА и следење на комуникациите, таков беше законот за следење на реформи во судството, таков беше Законот за аудио и визуелни услуги, таков ќе биде нашиот придонес и во изготвување на новиот Изборен законик кој што треба да биде усвоен некаде во септември – октомври, рече Мицкоски.