Мицкоски: Владата вели дека помогнала со една милијарда евра, но тоа е лага, помошта е многу помала и таа не стига таму каде што треба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисијата„Топ Тема“ гостуваше Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека владата на Зоран Заев лaже дека помогнала на граѓаните со милијарда евра, помошта за жaл е многу помала.

„Сето она што беше соопштено на прес конференција од страна на Зоран Заев мора да биде испорачано. Затоа што испораката е многу важна. Ние можеме да си кажуваме многу работи, но доколку испораката изостане, тогаш попусто било тоа што сме го говореле“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде ако се направи анализа на тоа што се случуваше во претходните три пакет мерки се доаѓа до заклучок дека од ветените 550 милиони евра до овој момент се испорачани нешто повеќе од 196 милиони евра.

„Вчера слушавме дека практично една милијарда евра е помошта, но тоа е она само што е кажано, а помошта во суштина на дело е многу помала“, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This