дома Македонија МИЦКОСКИ ВОДИ НА АНКЕТИТЕ НА ТЕЛМА: Со 16% поголема доверба пред Заев...

МИЦКОСКИ ВОДИ НА АНКЕТИТЕ НА ТЕЛМА: Со 16% поголема доверба пред Заев кај Македонците

Новата анкета на телевизија Телма поврзана со претседателските избори кои следуваат оваа пролет, покажува дека и натаму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај Македонците.

Имено Мицкоски ужива довербата кај 11.9% од Македонците, што е за 16.6 проценти разлика во однос на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој има рејтинг од 10.2%.

Ваквата анкета ја потврдува работата на лидерот на опозицијата и консолидацијата на партијата во изминативе година дена од кога тој ја доби лидерската фунцкија, поради фактот што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  и натаму ужива најголема доверба кај етничките Македонци.

Имено оваа анкета е само последна во низата која ја уважува работата на опозицискиот лидер кај Македонците, кој од доаѓањето на претседателската функција има континуиран раст на својот рејтинг.