дома Македонија Мицкоски: Во 2022 година очекувам предвремени парламентарни избори и стабилна влада формирана...

Мицкоски: Во 2022 година очекувам предвремени парламентарни избори и стабилна влада формирана од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во ТВ21 посочи дека очекува веќе следната година да има парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ со големо мнозинство ќе ја формира идната влада, која ќе биде стабилна и која ќе може да се справи со предизвиците кои оваа влада не може да ги реши.

-Во 2022 година очекувам предвремени парламентарни избори, и ќе работиме да има предвремени парламентарни избори, а потоа очекувам со големо мнозинство ВМРО-ДПМНЕ да ја формира новата влада, стабилна влада која ќе може да се справи со предизвиците кои оваа влада не може да ги реши, истакна Мицкоски вечерва.

Мицкоски објасни дека коалицирањето предизборно со некои од албанските партии како можност зависи од многу фактори кои се пред се заедничките интереси и заедничката платформа која треба да се формира која треба да ги содржи вредностите од новиот општествен договор од втората епоха кој беше промовиран на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.