дома Македонија Мицкоски: Граѓаните се замopeни од црни сценарија, сакаат да видат надеж, визија...

Мицкоски: Граѓаните се замopeни од црни сценарија, сакаат да видат надеж, визија и иднина, а ние тоа ќе им го понудиме

Тоа што мене ме прави горд и среќен е тоа, што повеќе од 20 политички партии и групи избирачи влегоа во обединетиот опозициски блок и заедно со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива создадовме во историска смисла најголем опозициски блок, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Овој блок е поголем од владиниот и тоа е она коешто ВМРО-ДПМНЕ го посакуваше и кое граѓаните го бараа. За жал има и такви кои и овој пат одлучија да направат раздор во опозицијата, но мислам дека граѓаните се мудри и ќе ја препознаат нивната намера и нема да го дадат својот глас за нив – одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Тој смета дека ваквиот опозициски блок ќе нанесе огромен удар на владиниот блок за кој вели дека има определена функционална дисипација, затоа што неколку коалициони партнери на владата настапуваат самостојно на локалните избори.

Тоа што треба да го слушнат и видат од нас граѓаните е една достоинствена борба, без ниски страсти. Една политичка кампања во којашто треба да го понудиме нашиот поглед кон иднината, проектите коишто им ги нудиме во општините каде што ги гласаат советниците и градоначалниците – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на опозициската партија истакна дека ќе водат една позитивна кампања, затоа што се свесни за две работи.

Чувството и перцепцијата на граѓаните дека во Македонија немало никогаш полоша влада од оваа што е сега и ако кажеме дека навистина е лоша, тоа нема да биде нешто ново. Второ, граѓаните се навистина заморени од црни сценарија, тие сакаат да видат надеж, визија и иднина, а ние тоа ќе им го понудиме – вели Мицкоски.