Мицкоски: Да работиме за да ја заслужиме довербата од граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничкиот патриотизам на 21 век е да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други, да покажеме дека ние политичарите ги немаме гласовите во џеб туку дека треба да работиме за да ја заслужиме довербата од граѓаните, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Тетово.
Оваа порака тој ја упати и до Вулент Мурсели, кандидат за градоначалник од Алијанса за Албанците, кој беше присутен на митингот на градскиот плоштад. -Тоа е и мојата прва порака до идниот градоначалник на Тетово Вулент и идните соработници во Општина Тетово во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Помина времето на салонските политичари, политичарите треба да да бидат слуги на народот. Заборавете на кожни фотелји и бидeте со народот, на улиците, на плоштадот, на нивите. Лага е дека се мразиме Македонците и Албанци. Обичните граѓани одлично се разбирале во минатото, сегашноста и така ќе биде во иднина. Така ќе биде и во Тетово, ќе застанеме позади едeн човек, идниот градоначалник Вулент кој ќе обедини Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и другите во модерно Тетово, рече Мицкоски.
Тој на граѓаните им порача дека овие избори не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети, туку и за иднината. -Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. Вие ќе одлучувате дали ќе продолжи по оваа погрешна на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина. Не велам дека чуда може да се случат веднаш по изборите, но по овие избори следи нова влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се трасира патот по кој ќе се движи нашата татковина. Ќе дојдат тука и ќе ви велат дека се најдоброто за Тетово, за Македонија, а во суштина се најлошото, рече Мицкоски во Тетово.
Ангел Карапетров, носител на листата со кандидати за советници порача дека Тетово може да има нова иднина со проекти и програма. -Сите четири години ништо не се направи, се зголемија проблемите со сообраќаен хаос, образование, Тетово стана град депонија. Но, нема потреба за трошење време за нечии неуспеси. ВМРО ДПМНЕ има визија како да помогне на Тетово. Тетово не ваше и наше, туку Тетово за сите граѓани. Проекти за сите проблеми. Со постојано движење на терен се соочивме со сите проблеми, ако е блокиран собраќајот блокиран е за сите, ако нема вода, нема за сите, сите се „давевме“ во смет. Имаме четири години за издигнување од ова дно, истакна Ангел Карапетров.
Тој посочи дека ветуваат проекти за сите луѓе-реконструкција на водоводната мрежа, нови резервоари за вода, нови бушотини за подобро водоснабдување, проекти за собирање и депонирање на отпад, план за квалитет на воздух се со цел подобро и поубаво Тетово

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This