дома Македонија МИЦКОСКИ ДО ВЛАСТА: Не си играјте со народот

МИЦКОСКИ ДО ВЛАСТА: Не си играјте со народот

На прашањето дали има услови за организирање на демократски и фер избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети на осудувањето на новинар кој што беше критичар на власта, како и тоа дека се напаѓа медиум кој што е критички настроен кон власта.

Се палат билборди со содржина критичка кон власта, имотот на најголемата политичка партија во државата е нелегално замрзнат. На дневна основа се вработуваат илјадници луѓе за да денеска слушнеме лицемерно како и се заканува на администрацијата дека десетици илјади луѓе ќе бркал ако дошол повторно на позиција за да одлучува за таква работа и можам низа на случаи да ги редам каде што има злоупотреби. Но, тоа нема да не спречи историски да ги поразиме на овие предвремени парламентарни избори и ќе се бориме до крај, ниту еден милиметар нема да се повлечеме. Но ако продолжат на ваков начин да се однесуваат да знаат дека ќе наидат на отпор, сериозен отпор, отпорот од народот, да не си играат со народот-објаснува Мицкоски.