дома Македонија МИЦКОСКИ ДО BPXУШКАТА НА СДСМ: Вие имате проблем со себе, а ние...

МИЦКОСКИ ДО BPXУШКАТА НА СДСМ: Вие имате проблем со себе, а ние имаме проблем со вас и ќе го решиме на 21 април

На 21 април победува професорката Гордана Силјановска Давкова заедно со ВМРО-ДПМНЕ и македонската опозиција, порача вечерва од Куманово Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вели, за да си ја вратиме татковината која што си ја сакаме на вистинската патека, победата на 21 април нема да биде доволна, потребна ни е победа на 5 мај, голема победа на 5 мај, а потоа како што кажа идниот претседател на Република Македонија Силјановска Давкова ќе му дадеме шанса на господинот Заев да распише предвремени парламентарни избори.

На тие предвремени парламентарни избори јас го гледам резултатот, најголемата политичка коалиција во независна Македонија ќе ја добие рекордната поддршка од граѓаните. Тоа е она што и треба на Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој потсети и на вчерашниот инцидент во Општината Демир Хисар кога митингот на опозицијата беше тајно сниман од општинската зграда.

Вчера во Демир Хисар нè снимаа им ја честитавме новата 1949 година, од општината. Еве ќе им кажам. Ние овде, тука што не гледате, но и тие стотици илјади низ Македонија, сме многу поразлични од вpxушката на СДСМ. Ние легнуваме и се будиме со мислата за Македонија, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија е нашето се, рече Мицкоски и нагласи дека за СДСМ тоа е непозната големина.

Вие, господа од СДСМ слушајте и запишувајте. Одите напред со полни торби укpaдени пари од граѓаните, а ние одиме напред и ќе ја градиме иднината на достоинствена, честита и праведна Република Македонија. Вие одите во иднината за да кpaдете и да се богатите, а ние одиме и градиме иднина за богата држава и богати граѓани. Тоа е разликата меѓу нас и вас. Вие би сакале да го заборавите минатото за да одите кон иднината, затоа што како сидро ве влече, но ние одиме напред мислејќи на иднината, мислејќи на традицијата и на вистинските вредности кои се нашето едро во кое дува силен ветар и кон Европа и кон светот. Вие имате проблем со себе, а ние имаме проблем со вас и ќе го решиме на 21 април.