дома Социјални Мрежи Мицкоски: Државата е должна да набави вакцини, народот бара да има избор

Мицкоски: Државата е должна да набави вакцини, народот бара да има избор

Државата е должна да набави вакцини, народот бара да има избор, смета лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, државата должна да набави вакцини, бидејќи има луѓе кои сакаат да вакцинираат.

Државата е должна да набави вакцини бидејќи има луѓе кои сакаат да се вакцинираат и тоа е нивно право.

Додека ги чекаме механизмите и ги слушаме секојдневните оправдувања, ќе стекнеме колективен имунитет. Ако источните пазари се доволно погодни за извоз на ајвар и корнишони, добри се и кога од нив треба да се набави вакцина.
Народот бара да има избор, а пред да биде доцна, Владата е должна тоа да го овозможи, рече Мицкоски во „Само интервју“.