дома Политика Мицкоски: “Дpжaвaтa e вo aмбиc, oчиглeднo e дeкa нитy имaaт знaeњe, нитy...

Мицкоски: “Дpжaвaтa e вo aмбиc, oчиглeднo e дeкa нитy имaaт знaeњe, нитy знaaт кaкo дa ce cпpaвaт co пpeдизвицитe”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Алфа телевизија изјави дека време е да се формира влада на национален спас за да ѝ се помогне на државата, а пред се на граѓаните.

„Државата е во амбис, очигледно е дека ниту имаат знаење, ниту знаат како да се справат со предизвиците. На дневна основа имаме катастрофа, девастирање на нашиот здравствен систем, во образованието е ужас, буквално ужас ништо не функционира. Економијата е катастрофална, кога велам катастрофална, ќе имаме пад и во третиот квартал, ќе имаме пад и во четвртиот квартал. Ги гледате проекциите од страна на релевантните институции, тие одат во надолна линија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека граѓаните не знаат, никој не излегува да и каже какви размери ќе има епидемиолошки овој втор бран, бидејќи Македонија никогаш не излезе од првиот бран на ковид19.

„Состојбата со земјоделието е ужас. Појдете во Тиквешијата, еве ве охрабрувам направете една емисија, еден прилог за таму, да ги прашате лозарите и да видите која е цената по која што оваа година грозјето им се откупуваше. И прашајте ги дали ветените субвенции им се исплатени“, рече Мицкоски.