дома Македонија Мицкоски: Заврши времето кога политичарите се елита во државата

Мицкоски: Заврши времето кога политичарите се елита во државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Пласница порача дека ова се избори во кои многу внимателно треба да се заокружи за онаа коалиција која ќе гарантира и ќе не убеди каква иднина сакаме да имаме, во каква држава сакаме да живееме. Тој е убеден во 360-те страници наречени проект Обнова кои, како што рече, се внимателно направени, а главен приоритет е економијата.

Јас сум убеден дека по 15 јули и овие што не веруваат во тоа ќе се убедат дека можело поразлично, дека има политичари кои стојат до зборот. По 15 јули политичарите ќе ги слушаат граѓаните, а потоа преку проекти ќе ги решаваат проблемите. Политичарите се ништо повеќе од обични чиновници платени со народни пари. Заврши времето кога политичарите се елита во државата, истакна Мицкоски.

Според него, овие последни три години се најлоши, но, подвлече, не ги амнестираме ни грешките што во претходните влади ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше многу добри работи.

Ние учевме од нашите грешки. Внимателно го слушав секој еден од вас внимателно слушав што ме мачи што ве тишти и кога ќе ја добијам можноста да не ги повторувам тие грешки. Од тие грешки да извлечам поука и да се корегирам како претседател и да ги поучам луѓето што ќе бидат во парламентот и што ќе вршат одредени функции да не ги повторуваат истите тие грешки, рече меѓу другото лидерот на ВМРО – ДПМНЕ

Потенцира дека овие четири години мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што, рече Мицкоски, точно знам како до најмалку 25 проценти повисока просечна плата во еден мандат.

Само за илустрација нашиот политички противник во 2016 ветуваше живот па 30.000 денари просечна плата и што ли уште не. Во април оваа година просечната плата е 25.800 денари. Во мај 2017 година пред точно три години кога ја преземаа владата просечната палта беше 22.800 денари. Со сиот интервенционизам со целата репресија што ја прават врз работниците и работодавачите успеаа само 3000 денари да ја зголемат просечната плата. Да ве потсетам претходната влада од 12.000 денари просечната плата ја зголеми на 22.800 денари и тоа без владини интервенционизам туку со раст на продуктивноста и извозот, вети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

После 10 години, рече тој, првпат не може да излезете затоа што Европа ни ја затвори границата поради пандемијата.

Ветуваме најмалку 20 проценти покачени пензии и враќање на старото законско решение. Најмалку 1000 километри реконструирани локални и регионални патни правци. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, 0 проценти данок за вработување на млади до 29 години. Да си ги вратиме децата дома. Празна е Македонија, не само селата сега и градовите се празни, им се обрати Мицкоски на жителите од Општина Пласница.

За земјоделците, информира тој, се предвидени најмалку 460 милиони евра субвенции и загарантиран откуп и за лекарите реконструиран и реновиран здравствен систем.