дома Социјални Мрежи Мицкоски: Заев бeз cpaм гoвopи дeкa македонската eкoнoмиja e живa и cтaбилнa,...

Мицкоски: Заев бeз cpaм гoвopи дeкa македонската eкoнoмиja e живa и cтaбилнa, a дpжaвaтa e вo peцecиja

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук порача дека премиерот Зоран Заев без срам говорел како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата е во рецесија.

Да, целиот свет чувствува последици од Корона пандемијата, но само Македонија ги чувствува последиците од СДСМ пандемијата која опустошува уште од 2017-та година, вели Мицкоски.

Тој објави и две фотографии на кои се гледа дека капиталните инвестиции опаѓаат, а задолжувањето на државата расте.

-Се поставува прашање: „Каде се парите?“, вели Мицкоски.