МИЦКОСКИ: Заев е подготвен буквално на сѐ, само за да остане на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Курир, кое интегрално ќе се емитува утре, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцира дека, за жал, не се сомнева дека Заев и оваа гарнитура на СДСМ се подготвени на сѐ само за да останат на власт. Лидерот на опозицијата ја гледа актуелната власт како национална пандемија, која може да се излекува само на избори, но не на избори по секоја цена, туку на соочување при кое нема да се загрози животот на граѓаните во Република Македонија.

Цветановски: Заев покажа дека е подготвен да ги жpтвува луѓето за политички спас и инсистира на брзи, сaмоубиствени корона-избори, но видовме и дека поради политички опстанок кај него се’ е на продажба. Слушнавме што нуди во писмо до европратениците во кое ветува целосна реализација на договорите со Бугарија и Грција, особено на оној со Софија, што значи дека се пазари со преостанатите македонски национални светии – јазикот, нацијата и историјата. Тука се и флертовите со Албанците – на Шеќеринска и Спасовски постојан орнамент на секоја фотографија им стана симболот на УЧК. На што се’ се подготвени Заев и СДСМ за да останат на власт?

Мицкоски нагласува дека Заев е подготвен буквално на сѐ, само за да остане на власт, целосна реализација на договорите со Бугарија и Грција, особено на оној со Софија, што значи дека се пазари со преостанатите македонски национални светии – јазикот, нацијата и историјата

Мислам дека дека на сѐ, буквално на сѐ. На сѐ кое што е надвор од орбитата на неговото потесно семејство. Кога интересите на неговото потесно се засегнати, тогаш имаме гард, а за сѐ друго е подготвен да преговара и продава. Тука нема дилеми за сите граѓани на Република Макеоднија, за се’. Што и да кажува, што и да соопштува, во што и да се колне, сметајте дека ако има и една минута шанса, сѐ ќе биде на пазар, се’ ќе биде предмет на трговија, со исклучок на интересите на неговото потесно семејство. Е, тука се крева гардот и се бранат позициите. Секој кој има поразлично мислење од ова што јас го кажувам е жртва на пропагандаа на СДСМ и Заев, вели мицкоски

Мицкоски бара граѓаните да не дозволат да бидат жртва на пропагандата на СДСМ и на Зоран Заев и да излезат на избори, но избори на кои што тие ќе можат слободно и демократски да гласаат без притоа нивните животи и здравје да бидат изложени на опасност

Но да знаете и да немате дилема дека буквално секоја педа, независно дали е современа или историска, секој атом на коренот наш македонски, се е предмет на трговија кај Заев. Тој е таков тип на политичар. Значи, таму не очекувајте старатегија, не очекувајте визија, таму денот буквално се купува и се продава. Таква е политиката која оваа гарнитура на СДСМ и Зоран Заев, за жал, ја водеа во изминатиот период. Јас би сакал да грешам, би сакал да не сум во право, но за жал, искуството со овие луѓе ме води кон таков заклучок дека ова што го зборувам е точно, додава Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This