Мицкоски: Заев мисли дека народот зад параванот ќе заборави дека сме први по cмpтност од КОВИД во Европа, дека 14 луѓе изгope, дека нема одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Велес на големиот митинг за локалните избори, рече дека Заев нема програма бидејќи таму ќе остане напишано се што излажал, мислејќи дека тој се надева дека граѓаните зад параванот ќе заборават дека Македонија е најкорумпирана држава во Европа, држава која е прва по смртност од КОВИД, но и држава во која нема одговорност за 14-те човечки животи кои изгореа во тетовската модуларна болница.

-Немаат програма затоа што таа подразбира план и визија. Тие немаат визија затоа што нивната визија се тендерите и криминалните бизниси. Заев нема програма затоа што таму ќе остане напишано излажаното. Нема програма затоа што и тоа им тешко да го направат и ќе станат мерливи и ќе може да се споредат дека ништо немаат направено, нагласи Мицкоски.

„И мислат дека народот кога ќе заокружува зад параваните ќе заборават дека сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа. Дека смртноста од КОВИД кризата е најголема во Европа и дека 14 луѓе живи гореа во Тетово. Никој во оваа земја не одговора за криминал. Затоа 17ти октомври е денот кога сите треба рано наутро да излеземе масовно да го заокружиме бројот 7 за Марко Лолев, Зоран Љутков“, порача Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This