Мицкоски: Заев peчe дeкa ако гo загyби Скопје и дpyгитe гoлeми гpaдoви ќe cи дaдe ocтaвка, тoгaш нapoдoт гo пoвикyвaм нa избopитe вo нeдeлa дa мy пoмoгнeме во тaa oдлyкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас кажував во моите говори дека волкот влакното го менува, ама не и карактерот. Навиканти сме на променливите позиции на Зоран Заев во изминативе 52 месеци откако е претседател на владата, но и претходно откако е активен во политиката, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Заев дека доколку во вториот круг го изгуби Скопје и поголемиот број од општини ќе си даде даде оставка. Мицкоски одговараше на новинарски прашања за време на посетата на Битола, поточно на индустриската зона Жабени.  

„Не би ме изненадило доколку по 31 октомври ја промени својата изјава, знаеме дека во минатото и жици се спомнуваа и се колнеше, но не држеше до кажаниот збор”, кажа Мицкоски.

Според него на 31 октомври народот ќе му помогне на Заев  да донесе одлука.

„Она што мислам дека ќе се случи на 31 октомври е народот ќе му помогне да ја донесе вистинската одлука која ја кажа, а тоа е дека ако ги изгуби и изборите ќе се повелече. Па јас го повикувам народот тоа што го направи на 17 октомври да го направи и на 31 октомври и да му помогне на Зоран Заев да ја донесе вистинската одлука, бидејќи тоа е вистинска одлука за народот и за државата Македонија”, рече Мицкоски. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This