дома Македонија МИЦКОСКИ ЗА ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ: Не работиме со ултиматуми, подготвени сме за...

МИЦКОСКИ ЗА ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ: Не работиме со ултиматуми, подготвени сме за компромис

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција изјави дека не покренале иницијатива за нова лидерска средба и упати на кабинетот на шефот на државата за тоа дали ќе биде организирана нова во врска со датумот на парламентарните избори.

-Ние предложивме датуми, ги кажавме нашите аргументи зошто сметаме дека тогаш ќе биде најдобро да се спроведат изборите. Но, ако има други аргументи, ние сме подготвени да ги слушнеме и подготвени сме на компромис. Ние со ултиматуми не работиме, како оној од типот или избори на 21 јуни или избори без опозиција. Ако така решиле, тогаш нека им е со среќа, рече Мицкоски.