дома Македонија МИЦКОСКИ ЗА ЗАЕВ: Тој од почетокот на својата кариера има пpoблеми со...

МИЦКОСКИ ЗА ЗАЕВ: Тој од почетокот на својата кариера има пpoблеми со законот, не може ваков човек да донесе пpaвда

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју на телевизија Шења изјави дека не може претседател на влада да раководи со тело кое што треба да спроведе рефоорми, бидејќи мора да се ослободи судството и правосудството од прангите на политиката.

– Не може човек кој што континуирано во неговата политичка кариера е под сомнеж за сторен криминал, од почеток за глобал па се до ден денеска и за многу други работи за поткуп и слично да биде реформатор, -посочи Мицкоски.

Понатаму Мицкоски додаде дека за сето тоа може само човек и политичар кој што никогаш немал проблеми со органите на прогонот и со законот.

-Не може човек кој што прави компромиси со законите и со правото на сметка на политика, не може. Еднаш ако го прекршите тоа вие засекогаш ќе предизвикате пракса и понатаму секој ќе е повикува на таа пракса,- нагласи Мицкоски.