дома Актуелно Мицкоски за КЛАН ТВ: Ќе соработуваме со партии на Албанците кои си...

Мицкоски за КЛАН ТВ: Ќе соработуваме со партии на Албанците кои си држат до зборот, кај ДИУ тоа не го гледам

Мислам како опозиција не само ние, тука морам да дадам пофални зборови и за останатите опозициони парии пред се мислам на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива мислам дека функционираме прилично конструктивно во насока на тоа да ги подобруваме во квалитативна предлозите на власта, бидејќи тие се сѐ, само немаат квалитет во себе и ценам дека тоа е една добра основа за да покажаме како треба да се однесува една навистина зрела власт во државата, и до овој момент мислам дека сето тоа функционира, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечарашното гостување во емисијата Клан Дебата на телевизија Клан.

На прашањето дали размислува за некој по конкретна работа со албанската опозиција, Мицкоски рече дека не сака да разговара со луѓе кои што кога ќе кажат нешто не стојат до сопствениот збор. Во принцип сакам да разговарам со луѓе чии што збор држи, со луѓе кои што кога ќе кажат нешто стојат до сопствениот збор, што за жaл во поледно време не го гледам кај владејачката ДУИ, вели Мицкоски.