дома Македонија МИЦКОСКИ: Зоран Заев со неговите изјави почнуваат и да ги соборува неговите...

МИЦКОСКИ: Зоран Заев со неговите изјави почнуваат и да ги соборува неговите лични рекорди

Зоран Заев со неговите изјави почнуваат и да ги соборува неговите лични рекорди, гледаме дека за помалку од еден ден почнуваат да се менуваат изјавите. Но тоа е тоа некоја тема мора да биде тема за да се сокријат сите оние криминални активности, корупција, неиспорака која што се случуваше овие три години – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан како ја коментира изјавата на Зоран Заев кој вчера рече дека промената на имињата на училиштата во Чаир е незаконска постапка, а денес вели дека е законска.

Вооднос на постапката за промената на имињата Мицкоски изјави:

Инаку, апсолутно нашата советничка група во рамките на советот на општината гласаше против. За нас ставот е дека тоа е направено на незаконит начин, начин на кој што се силуваат процесите во државата и сето ова се случува во предизборен период кога јавноста е сензибилизирана, кога граѓаните се сензибилизирани . Апсолутно не ја гледам потребата вакви работи да се прават сега кога навистина никој нема од сета оваа работа полза. Едноставно се доведуваме сите ние во една таква позиција, кога ќе треба практично зборуваме на теми кои што не се добри, ниту за една етничка заедница која што е во Македонија. Она кое што сум го кажал во минатото ќе го повторам и денеска, Зоран Заев со неговото однесување скандалозно направи најголемата етничка заедница во Македонија, македонскиот народ се чувствуваат граѓани од втор ред во сопствената држава.