дома Македонија Мицкоски зaкaжa пpoтecт пpeд Kpивичeн cyд

Мицкоски зaкaжa пpoтecт пpeд Kpивичeн cyд

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, закажа нов протест на најголемата опозициска партија во Македонија, овој пат како што вели тој, против неправдата, по низата изразувања на незадоволства против поскапувањето на струјата, преговорите за историскиот статус на Гоце Делчев и менувањето на ДУП-от во Кисела Вода.

„ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев. Среда во 18.30 часот, од министерството за (не)правда до Основен суд 1. За правда која ќе стигне до сите, безусловно. Се гледаме!“, објави Мицкоски.

Вчера Мицкоски соопшти дека досегашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев, си поднел оставка од лични причини. Објавени беа и промени во Ивршниот Комитет, каде еден од најистакнатите инфектолози во Македонија, д-р. Вело Марковски синоќа стана член.