дома Актуелно Мицкоски: Идејата едно општество за сита заврши во моментот кога ја видовме...

Мицкоски: Идејата едно општество за сита заврши во моментот кога ја видовме Луј Витон чантата

-Идејата да се презентира едно општество за сите заврши во моментот кога ја видовме Луј Витон чантата затоа што сфативме дека сите овие политички флоскули завршија спакувани во една чанта, истакна претседателот Христијан Мицкоски во своетот гостување на телевизија Телма.

Мицкоски посочи дека ако денеска некој се обидува етнички да ги мобилизира граѓаните според него тоа е суштинска грешка затоа што сите без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики сите буквално имаат ист проблем.

-Ние не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Да, тоа тие го чувствуваат и тие се горди на својата етничка припадност. Но, суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, тоа е суштината, порача Мицкоски.