дома Политика Мицкоски: Има дополнителни 12 барања од Бугарија кои Заев ги крие од...

Мицкоски: Има дополнителни 12 барања од Бугарија кои Заев ги крие од јавноста, го лажат народот

Јас уште во октомври месец кажав дека има дополнителни барања и дека тие барања се формулирани како нон пејпер, патоказ или анекс и тогаш бев прогласен дека ширам лажни вести, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното интервју во Централниот дневник на ТВ Сител, за дополнителните 12 барања од Бугарија.

Мицкоски рече дека е спремен да прифати гневот кој го истураат Заев, Османи, Димитров кон него, само да се зачува македонскиот јазик и идентитет, укажувајќи дека и потпретседателот на владата и министерката за надворешни работи на Бугарија изјавиле дека има 12 дополнителни барања од страна на Бугарија, но дека Заев и власта ги кријат од македонската јавност.

Нека го истурат сиот гнев и Заев, и Османи, Димитров кон мене јас сум подготвен да го прифатам само да го зачуваме јазикот и идентитетот. Еве јас сум тој кој што е виновен за се во оваа држава, не е проблем ќе го прифатам сето тоа, само жалам тоа што го зборувам е вистина. Тоа го кажа и потпретседателот на владата во соседна Бугарија, тоа го кажа и министерката за надворешни работи во соседна Бугарија дека има дополнителни 12 барања и сега што правиме? Зошто македонската јавност тие барања не ги виде, не заслужуваме? Зошто во јули не излегоа на избори да речат ние сме подготвени да потпишеме дополнителен нон пејпер, или анекс на договор со Бугарија кој што ќе опфати тоа и тоа, додава Мицкоски.