дома Македонија Мицкоски: Институциите итно да се мобилизираат за спpавување со пожарот во Тетово

Мицкоски: Институциите итно да се мобилизираат за спpавување со пожарот во Тетово

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски апелира за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово.
Тој на својот фејсбук профил напиша дека ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.
-Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа, наведува Мицкоски