дома Актуелно Мицкоски и Јанчев ги закопаа секирите

Мицкоски и Јанчев ги закопаа секирите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево е во посета на Кавадарци каде оствари средбата со граѓаните, но и активистите на партијата.

По долг период на остра комуникација преку медиумите на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по се изгледа дека народски кажано „ги закопале секирите“.

На социјалните мрежи беше објавена фотофрафија на која се гледаат Мицкоски и Јанчев заедно на фотографија.

Во описот на фотографијата објавена на Фејсбук стои „моќно и обединето ВМРО-ДПМНЕ“.

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци го одбележува јубилејниот роденден од формирањето на општинскиот комитет во градот, на настанот присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев.