дома Политика Мицкоски меѓу граѓаните на Струга: Заевизмот силно го гуши нашето општество

Мицкоски меѓу граѓаните на Струга: Заевизмот силно го гуши нашето општество

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во Струга.

Од таму порача: Заевизмот силно го гуши нашето општество и за тоа има докази секоj ден и на секој чекор.

„Денес гледам од одредени медиуми како се пренесуваат СМС пораки од премиерот во кој се фали дека вработил над 28 илјади партиски војници. Ако ова e вистина тоа значи дека за толку ја оптоварил државната администрација, за 28-те илјади плати кои ќе ги плаќаат граѓаните.

Очигледно непотизмот како канцер се шири и претставува составен дел на Заевизмот, но вистинската хаварија е тоа што позади секој од тие 28-те илјади ново вработени партиски луѓе, стои најмалку еден разочаран граѓанин и млад човек, кој учел, се борел низ животот, неговото семејство вложувало и се надевало.

Сега кај секој еден од нив помислата е една, како може да ја напуштат државата затоа што со оваа власт тука иднина нема. Тоа е страшната последица на Заевизмот данокот кој го плаќа секој еден граѓанин.

Не смееме да бидеме општество на привилегирана власт и угнетени граѓани. Не смееме да дозволиме талентираните да бидат бркани од неталентираните. Оваа држава треба да биде подеднаква за сите граѓани“-истакна Мицкоски по посетата на Струга.