дома Политика Мицкоски навива за Работнички, 2-3 пати во неделата е на Bодно, 2-3...

Мицкоски навива за Работнички, 2-3 пати во неделата е на Bодно, 2-3 пати во теретана


Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што кажа дека сака спорт и 2-3 пати во неделата е на водно, 2-3 пати во теретана, а навива за клубот Работнички.


„Два до три пати неделно сум на водно, а два до три пати сум во теретана и еден ден правам пауза. Да ја сум сериозно „исфрустриран“ пропаднат спортист, се шалам, бев сериозен баскетџија во маало дури и имав и обиди да тренирам во Работнички, кај сега веќе покојниот тренер „цефка“. И во еден второлигашки, локален, маалски клуб така се организиравме ние баскетџиите па игравме бидејќи немаше кој да игра во тој клуб. Меѓу нив интересно е играше со нас заедно, постар беше од нас, повозрасен Томи Стефановски нашиот маратонски пливач ние флегма го викавме, тој беше исклучително добар баскетџија во маало. Многу сакав кошарка во тоа време растевме со Тони Кукуч мене ми беше тој идол. Потоа дојде МБА. Сепак Работнички за мене е клубот за кој што навивам„ нагласи Мицкоски.