Мицкоски: На овие избори не бирате само градоначалник, туку по каква патека ќе се движи Македонија во следниот период

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети. Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. Вие ќе одлучувате дали ќе продолжи по оваа погрешна на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Тетово.

„Не велам дека чуда може да се случат веднаш по изборите, но по овие избори следи нова влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се трасира патот по кој ќе се движи нашата татковина. Ќе дојдат тука и ќе ви велат дека се најдоброто за Тетово, за Македонија, а во суштина се најлошото. Зошто? Затоа што завија во црно повеќе од 6 илјади семејства и наместо да градат болници, да набавуваат вакцини тие трчаа по провизии и ќе го видите Филипче наместо да понесе морална и политичка одговорност тој ги претставува кандидатите, оние мали зоранчиња”, рече Мицкоски.

Тој посочи дека по изборите Филипче ќе сноси и кривична одговорност, бидејќи мора да се знае кој е виновен и да се одговара за злоделото што се случи во Тетово, односно горењето на модуларната болница.

„Тоа е патеката по која треба да се движи Македонија, патеката на вистината, патеката каде ќе има одговорност и не само морална и политичка, туку и кривична”, посочи Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This