дома Македонија Мицкоски: На прагот сме на една голема победа, народот се исправа над...

Мицкоски: На прагот сме на една голема победа, народот се исправа над поделбите, над неправдите, над пycтошењето на оваа власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во посета на општините Ново Село, Василево и Радовиш. На средбата со жителите на Добрашинци и Нова Маала Мицкоски порача дека на прагот е голема победа на народот на Македонија.

Само уште еден чекор нè дели до испраќање на најсилната порака до власта, а тоа е дека народот е главен во оваа земја, а не корумпираните политичари кои мислат дека имаат природно право да владеат со народот и дека тоа право им е наследено. Македонија се исправа над поделбите, над неправдите, над пустошењето која оваа власт ја прави со нашата земја, над поразите кои и ги донесоа, напиша Мицкоски на Фејсбук по средбата.

Вечерва во 20:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со граѓани на Радовиш.