дома Политика МИЦКОСКИ НА СИТЕЛ: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е автентична и е креирана во...

МИЦКОСКИ НА СИТЕЛ: Политиката на ВМРО-ДПМНЕ е автентична и е креирана во соработка со моите соработници и раководството на партијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Сител телевизија, вели дека тој е една година претседател на најголемата политичка партија, нагласувајќи дека залудни се обидите од страна на СДСМ и Зоран Заев да го прикажат како продолжена рака на Никола Груевски.

Тој додаде и дека сите политички одлуки кои ги спроведува се автентични, бидејќи ги креира во соработка со партиското раководство.

-Она кое што треба да се каже е дека Никола Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ. Сегашност и иднина сум јас, Христијан Мицкоски, и сето она кое што го работам во ВМРО-ДПМНЕ како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е практично заедно со структурите на партијата, со соработниците, со лидерството на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент и е автентична политика која што има своја карактерна нишка, потенцираше, Мицкоски.