Македонија има сила, а силата е народот. Има и мудрост. Од нас зависи, од сите нас за тоа каква иднина ќе градиме, Македонија мора да стане на нозе, Македонија со силна економија, и среќни граѓани – напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по денешната посета на Прилеп .
Денес бев во Прилеп. Имав можност да поразговарам со прилепските пазарџии и со младите од овој град.
Едногласен е впечатокот за тешкиот живот на граѓаните, овде во реалноста, излегувајќи од розевата слика на власта, наспроти фингираните прослави со кои се слават поразите, е нова борба за живот на дневна основа, нова грижа, нова несигурност и неизвесност за тоа како ќе се преживее денот.
На пазарот го сретнав стариот пазарџија Стојан кој со своите 80 години стои на жешкото сонце и продава намирници, вели не дека сакам, но имам внучиња за гледање, се борам да ги задржам тука бидејќи нивните врсници одамна заминаа. Друг ми вели ако тука на пазарот со моите две раце не заработам за живот никој нема да ми помогне, нема да дојде иднина ако сам не си ги засукам ракавите, бајките на власта се едно, но овде е реалниот живот.
Нашата борба е за иднината на секој еден од вас, за обезбедување на сигурност и шанса, за Македонија која победува!