дома Социјални Мрежи МИЦКОСКИ НА ТВИТЕР: Пандорината кутија не се шири, туку се отвара –...

МИЦКОСКИ НА ТВИТЕР: Пандорината кутија не се шири, туку се отвара – го подучи Мицкоски, Заев

Проширување, или отворање на „Пандорината кутија“ е дилемата која денес ја отвори претседателот на владата Зоран Заев, одговарајќи на прашање во врска со најавените амандмани на БЕСА во врска со проширување на уставните права на албанците. За да ја расчисти дилемата, на Твитер реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

„Кога Заев веќе се служи со термини прозлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети.“ – објаснува Мицкоски.