дома Македонија МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ ОДГОВОРИ НА МИЈАЛКОВ: ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за сѐ...

МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ ОДГОВОРИ НА МИЈАЛКОВ: ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за сѐ што тврди, нема потреба од одговор!

Обвинувањата на екс -директорот на УБК, Сашо Мијалков во писмото упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги смета за внатрепартиски работи. Не сакајќи да одговори на писмото што Мијалков му го упати веднаш по исклучувањето од партијата, Мицкоски тврди дека ВМРО поседува докази за сѐ што тврди.

Ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го изјави во интервју за телевизијата Алсат.

Прашан за исклучувањата, заминувањата и оставките, Мицкоски рече дека тоа е еден динамичен политички процес во партијата и оти тоа ќе постои сѐ додека постои ВМРО, но најави дека ќе се реформира Извршниот комитет.