Нема тука пониско или повисоко, тука има ниво на одговорност која што мора да гарантира владеење на правото, владеење на институциите и независност на судството и тоа е она што е неопходно за Република Македонија, ова во интервју за телевизија Ирис го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој додава дека оваа генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ креира програма со која што ќе излезе со граѓаните и пред нив ќе ја гарантира целокупната оваа ситуација која и ќе гарантира отчетност, независност на институциите, судството и на тој начин ќе обезбедат граѓаните да бидат граѓани од прв ред.
-Во моментов има само еден граѓанин од прв ред, а тоа е Зоран Заев кој може да преткажува судски одлуки, вели Мицкоски.
Инаку претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани оваа сабота на 2 јуни да дојдат на протестниот собир пред Владата на Република Македонија.