April 19, 2024, 11:39 am

Мицкоски: Ние одамна го поминавме италијанското, сега се движиме кон авганистанското сценарио, живи луѓе ни гоpaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев и лидерот на најголемата опозициона партија, Христијан Мицкоски, вечерва во тв дуелот на Канал 5 телевизија зборуваа за трагедијата во Тетово, каде изгоре модуларната болница и загинаа 14 луѓе. По трагедијата министерот за здравство и заменик министерот ги понудија своите морални оставки, но премиерот не ги прифати со образложение дека ќе ги чека резултатите од истрагата пред да донесе конечна одлука.

Мицкоски посочи оставките се неопходни за да се спасат човечки животи, додавајќи дека прво е потребна морална, а потоа и поинаква одговорност.

„За да спасиме човечки животи, затоа што ситуацијaта е загрижувачка, 14 човечки животи, 12 пациенти и двајца блиски до пациентите ги загубија своите животи поради неспособноста на надлежните и слабостите на системот кои се резултат на лошото менаџирање на тој систем од страна на надлежните“, истакна Мицкоски.

„Тие таму отишле за здравје, а за жал ги вратија во поинаква состојба. Претпоставувам дека ги слушавте криците од таа модуларна болница. Јас сум шокиран од изјавата на премиерот, кој рече дека таа работа била банална.“, кажа Мицкоски.

На забелешката на Заев дека сме го избегнале италијанското ковид-сценарио Мицкоски додаде:

Ние одамна сме го поминале италијанското, а сега одиме кон авганистанското сценарио затоа што се случи живи луѓе да горат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This