Мицкоски: Новиот договор кој го носи заедничкиот патриотизам треба да ги cpyши стереотипите и разликите кои го двојат народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ние тоа го направивме и во кампањата за овие локални избори. Најпрвин и го отворивме ВМРО-ДПМНЕ со тоа што земавме било каква фрустрација или некаква кочница да поддржиме кандидати кои што можеби во минатото не би ризикувале. За првпат направивме коалиција со албански политички партии што мора да признаете дека во оваа кампања беше речиси невозможно да се помисли, а камо ли да се направи. Го видовте тоа во пракса и на дело“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во МРТ.

Мицкоски додаде дека албанските политички партии го поддржаа и независниот градоначалник на Градот Скопје.

„Самиот фолклор, самиот амбиент на митинзите, влегувањето заедно со кандидатите за градоначалници поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата која што тоа време беше со нас, а тоа е Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, исто така е додадена вредност со што покажавме дека стереотипите веќе не постојат, дека народот се обединува околу една заедничка цел, а тоа е подобро да живееме. Сега како и која е методологијата за да живееме подобро? Се знае, мора најпрвин да работиме чесно, нешто што ни недостасува“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека некако како да политичките елити не успееја да се надминат себеси и да покажат лојалност кон граѓаните коишто ги избираат.

„Ќе се навратам на целите на втората епоха, и на тие умни глави, тие луѓе кога го гледаат сето ова, кога го гледаат ова политичко мочуриште и кога гледаат дека практично медиокритети владеат со лаги, со некакви итроштини си велат оваа работа не е за нас, не не привлекува. Затоа што не секогаш материјалното е важно, важен е амбиентот во кој што работиме. Можете вие да имате два, три, четири или пет пати повисоки месечни примања, но сепак да се одлучите за работа која што ќе биде со два, три, четири, пет пати пониски месечни примања, бидејќи амбиентот е добар“, појасни Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This