дома Политика МИЦКОСКИ ОД ГОСТИВАР: Ќе се бopимe за силна економија и пpaвдa и...

МИЦКОСКИ ОД ГОСТИВАР: Ќе се бopимe за силна економија и пpaвдa и тоа ќе обезбеди cигуpнocт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја посети туланата во Гостивар. За оваа посета Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

Ја посетив гостиварската Тулана, место каде повеќе луѓе ја обезбедуваат својата егзистенција. Домашен бизнис кој функционира со години, и кој дополнително ќе се развива доколку ја има потребната поддршка од надлежните институции. Средните компании мора да бидат р’бетот на нашата економија, можен е вистински економски бум доколку навистина се работи на обезбедување на услови за правање на бизнис, се отворат нови капацитети, се намалат даноците, и административните процедури, се обезбеди правда и владеење на правото, им се влее на стопанствениците сигурност. Ние тоа ќе го направиме, ќе се бориме Македонија да предничи по технолошките иновации, ќе бидеме најсилната поддршка на оние кои сакаат да го развијат бизнисот и обезбедат повеќе работни места. Ќе се бориме за силна економија и правда и тоа ќе обезбеди сигурност. Нашата борба е за секој еден човек и за иднина тука во Македонија, напиша Мицкоски.