April 25, 2024, 12:44 pm

Мицкоски од Тетово: Наместо Заев и Филипче да градат болници и да прават протоколи тие трчаа по провизии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта овде во Тетово зави во црно повеќе од шест илјади семејства. Ама тие ќе дојдат тука и ќе ви велат дека се најдоброто за Тетово, за Македонија, а во суштина се најлошото. Зошто? Затоа што не направија ништо, наместо да градат болници, да набавуваат вакцини, тие трчаа по провизии, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Тетово.

„И наместо за оваа трагедија Филипче да понесе одговорност, ќе го видите како наместо да понесе морална и политичка одговорност, тој ги претставува кандидатите, оние мали зоранчиња. А тој, Филипче треба да понесе прво морална и политичка одговорност, ама потоа и кривична. Да, кривична за настанот од Тетово во кој живи гореа 14 лица”, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека Филипче практично не направи ништо за време на целата пандемијата, ниту болници, ниту протоколи за лечење, ниту се набавија вакцини.

„Ама се трчаше по провизии кога требаше да се набавуваат вакцини”, кажа Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This