Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со партиска делегација оствари прва работна средба со амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.
Претседателот Мицкоски образложи дека Република Македонија и нејзините граѓани се соочуваат со неодговорна и непринципиелна политика од страна на власта. Тој истакна дека и државата и граѓаните се заложници на коруптивното владеење и неспособноста на власта да ги спроведе реформите неопходни за исполнување на европските стандарди, информираат од партијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.
Соговорниците се согласија дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.