April 19, 2024, 11:39 pm

Мицкоски: Очекуваме другите партии кои се дел од власта на СДСМ–ДУИ, да излезат од коалицијата која нема план за државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во ТВ21 посочи дека очекува сите партии кои се дел од криминалната власт на СДСМ-ДУИ да излезат од коалицијата којашто нема никаков план за државата и не носи кон бездна.

-Веруваа во европските вредности, односно да му даделе шанса на процесот, еве гледаме дека нема и да видиме сега кој ќе биде изговорот да бидат во најкриминалната влада во Европа, тоа ќе ме изненади да видиме кој ќе биде изговорот, да видам како мислат да се борат против најкорумпираните министри коишто ја сочинуваат најкриминалната и најкорумпираната влада од внатре, вели Мицкоски.

Мицкоски исткна дека очекува сите политички партии коишто не се согласуваат со политиките на ДУИ и СДСМ да излезат од таа коалиција, притоа не само за Алтернатива туку и за останатите партии.

-Ако ние го исклучиме личниот интерес на малкумина и се обидеме да си поставиме цел, дали можеме со овие луѓе да стигнеме до таа цел, и сите да се сложиме и да има дадеме уште година, две, четири тие немаат никаков план, директно одат во бездна но не носат во истата и сите нас, до сега мирувавме, за да не бидеме изговор дека некој не добил датум заради нас, и не дозволивме да бидеме изговор, сега луѓето се фрустрирани и велат сега што правите, затоа бараме парламентарни избори, посочи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This