April 19, 2024, 12:03 am

Мицкоски: Поради Заев и Владата којашто тој ја предводи во Република Македонија се живее многу тeшко и луѓето едвај врзуваат крај со крај во месецот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во предновогодишното издание на дебатната емисија на “ТВ Клан” свое интервју даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за лошите владини политики, ветото од Република Бугарија, како и за перспективите на Република Македонија.

Мицкоски истакна дека народот во Република Македонија живее многу тешко и едвај врзува крај со крај во месецот, а главен причинител на ваквата ситуација се Зоран Заев и Владата којашто тој ја предводи.

Мицкоски додаде дека политиката не треба да се гледа само како момент каде што политичките партии меѓусебно си дофрлаат за аномалии и недостатоци, туку како стратешка определба на граѓаните каде што може да претпостават чиј план за работа би донел поголем напредок и подобри услови за живот.

“Политиката е перцепција. Перцепција за тоа како функционира општеството и институциите под палка на оваа или онаа политичка партија. А, главен двигател на политиката е квалитетот на животот на граѓаните. Во Република Македонија народот се соочува со огромна сиромаштија, тешко поминување на деновите во месецот, немање средства за основните потреби за секојдневието, тоа е болна глетка за сопствениот народ и таа мора да се промени”, вели Мицкоски.

Зоран Заев и СДСМ не смеат да ги набедуваат и окривуваат нивните претходници без разлика на тоа од која политичка партија биле, бидејќи политиката е перцепција за иднината, а суштината е секојдневниот живот на граѓаните. Доколку се промаши перцепцијата, тогаш таа директно ќе влијае врз животот во секојдневието на граѓаните, заврши Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This